За учество во форумот потребно е да сте најавен корисник!

Доколку не сте најавени, најавете се ТУКА!

RE: СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР

Преглед на комбинации Рамен поглед Преглед во вид на дрво
Теми [ Претходно | Следно ]
toggle
НАЦРТ- СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР ЗА ПЕРИОДОТ 2017-2022 година
СО АКЦИСКИ ПЛАН


Македонија, во изминатиов период, искуси сериозно назадување во поглед на независноста и самостојноста на правосудните институции и систем. Тоа беше предизвикано од грубото мешање на извршната власт во позицијата на системската независност и самостојност на овие институции. Ваквата силна партизација, посебно на судството, доведе до погубен резултат со што стандардните европски нормативи и реформи, кои беа прифатени, не ги дадоа очекуваните резултати и ефекти. Нарушена е елементарната институционална стабилност, можноста за доделување на правда, применувана е
селективна правда и загрозени се правата и слободите на граѓаните токму од иснтитуциите кои требаше нив да ги бранат. Ваквата разнишана позиција на правосудниот сектор ја доведе во прашање и целината на демократијата и заштитата на слободите и правата на граѓаните во Македонија.

Стратегијата ги има предвид овие слабости и крупни проблеми лоцирани во повеќе извештаи и анализи од меѓународни организации и експерти.

Истовремено, донесувањето и спроведувањето на нова Стратегија за реформа на правосудниот сектор е од суштинско значење заради зачувување и унапредување на постигнатите ефекти/придобивки од претходните реформски процеси и активности, но и заради спречување на назадувањата во правосудниот сектор на државата констатирани изминатите неколку години.

Новата Стратегија дава насоки, правци за подобрување на системот на правосудство преку надминување на постојните недостатоци од нормативен и институционален карактер кои се провлекуваат низ него, но пред сé, го има предвид основниот проблем на мешање на извршната власт и партизацијата како причина за назадувањето и нефункционалноста на правосудниот сектор. Таа треба да претставува патоказ по кој Владата ќе се движи во овозможување на сите предуслови во нејзина надлежност за создавање на независно, непристрасно, ефикасно, квалитетно и транспарентно правосудство, надлежно за заштита на поединечните права и слободи на граѓаните, како и за истовремена заштита на јавниот интерес. Од друга страна, Стратегијата утврдува насоки за создавање законски услови, но и амбиент за вистинска реализација на начелото на одговорност од страна на правосудните органи за сопственото работење. Последниве години, се забележува отсуство на таква одговорност, првенствено кај судството и јавното обвинителство. Нормативните мерки утврдени во Стратегијата, често ќе значат „враќање назад“ кон законските решенија пред 2009 година, бидејќи анализите укажуваат дека нормативниот хаос во казненото, управното, прекршочното и граѓанското право започнува токму во тој период и трае непрекинато до 2017 година.
RE: СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР
Одговор (Деселектирање)
19.9.17 14:55 Пратено како одговор на Министерство за правда ..
Почитувани, сметам дека со овој документ КОНЕЧНО целиот правосуден систем, а со тоа и Република Македонија ќе мрдне од точка на мирување на која стои повеќе од 10 години!